Митровиќ полуде поради замена, па го „почести“ тренерот со рафал - пцовки (ВИДЕО)

Српскиот фудбалски репрезентативец, Александар Митровиќ, синоќа го постигна шестиот гол во дресот на Ал Хилал, откако во 76. минута ја потврди победата во пресметката со Ал Ашабаб (2-0).

Седум минути подоцна, тренерот на саудискиот прволигаш, Жорж Жесус, реши да го повлече од игра Србинот, кој делуваше бесно во моментите кога го напушташе теренот. Рафално пцуеше на српски јазик, што лесно можеше да се разбере и преку телевизија, бидејќи не се ни трудеше да ги сокрие емоциите.

Се чини дека Митровиќ збесна по одлуката на тренерот да го замени, но новинарите од нашиот север оставаат простор дека постои можност нешто друго да го изнервирало нивниот напаѓач.