Милионер шета од клуб во клуб кај нисколигашите и прави што му душа сака!

Англискиот фудбал постојано ни носи многу интересни приказни, а една таква пристигна од пониските лиги, поточно од клубот кој се вика Ромфорд. Овој тим о купи милионерот Глен Тамплин, човек кој зад себе има навистина неверојатни потези во фудбалот кога се во прашање пониските лиги.

Тој пред неколку години го купи тимот Билеркај Таун и веднаш направи големи промени. Прво го отпушти тренерот, потоа се стави на таа позиција, и на крај ангажираше 15 нови фудбалери за само 24 часа.

Сепак, тоа не е најчудното нешто што го стори во тој тим. Тој реши да ги избрка мажоретките бидејќи се премногу секси и им пречат на фудбалерите на теренот.

За среќа за Ромфорд, тие немаат мажоретки, но со оглед на тоа што Тамплин е желен за тренерската клупа, нема да биде чудо доколку наскоро наскоро го отпушти тренерот.