Меси тргна да слави, а навивач на Атлетико го гаѓаше со - чадор! (ФОТО)

Барселона славеше во дербито на 15. коло во шпанската Ла Лига против Атлетико Мадрид со 1-0, а голот за победа го постигна Лионел Меси во 86. Минута.

Меси уште еднаш ја покажа својата магија и по голот тргна да слави, а атмосферата на трибините се „запали“, па еден од навивачите на Атлетико реши да го гаѓа со чадор.

Судиите тоа го забележаа и го исфрлија чадорот надвор од теренот, но „Мундо Депортиво“ пишува дека главниот судија не го напишал тоа во извештајот.

Од Барселона побараа казна за навивачите на Атлетико на ваквото недолично однесување, кое за жал е често на спортските настани.