Конор Мекгрегор се прослави и заработи многу пари во светот на УФЦ, но дополнителен приход му донесоа и голем број бизнис зделки, па без проблем може да си купува луксузни работи.

Мекгрегор има богатство од 120 милиони долари. Тој има голем број недвижнини, но и јахта која ја платил три милиони фунти.

Јахтата изгледа феноменално, а внатрешноста е приказна за себе. Мекгрегор ужива со семејството во луксуз, а најави и враќање на борбите, и тоа на 23 јануари.