Мејведер уво го боли за коронавирус – си се забавува во ноќен клуб (ВИДЕО)

Еден од најбогатите светски спортисти, Флојд Мејведер очигледно нема никаков страв од коронавирусот, па си се забавува во преполн ноќен клуб и уво го боли што во САД секојдневно илјадници луѓе се заразуваат од Ковид-19, а бројките на починати се ужасни.

Додека Американците не знаат како да се изборат со страшната пандемија од која најмоќната земја на светот е најпогодена по број на заразени и на починати, Мејведер е симбол на неодговорност, како и уште низа други спортисти во земјата, на кои воопшто не им е гајле за ширењето на коронавирусот.

Тој во Скотсдејл во Аризона си уживаше во ноќниот живот, како да е сè нормално.