Малер на векот: Уплати 1,25 милиони долари при 27-0 за неговиот тим и – ги изгоре парите
Лос Анџелес Чаргерс играа против Џексонвил Јагуарс и имаа неверијатна предност од 27-0 на средина од втората четвртина и ретко кој би помислил дека овој добиен меч би можеле да го загубат. Веројатно и најголемите оптимисти и навивачи на Џексонвил не верувале во чудо, па обложувачот ставил 1,25 милиони долари на конечна победа.
Требало да ќари само 10.800 долари, односно ни еден отсто од вкупната сума која ја уплатил.
Арно ама, Лос Анџелес успеаа да го загубат мечот во епски пресврт во кој Џексонвил победи со 31-30, еден од најголемите камбекови во историјата на професионалната НФЛ-лига