Македонци ќе ја бодрат Барса и ќе слават независност на Каталонија (ФОТО)

Македонски навивачи на каталонскиот великан Барселона утре ќе ги бодрат Лионел Меси, Луис Суарез и останатите ѕвезди на поранешниот првак на Шпанија и Европа против Лас Палмас, но утрешниот ден е историски за провинцијата Каталонија – ќе се гласа на референдум за независност на овој регион.

И покрај големото противење на шпанските власти, кои референдумот го прогласија за противуставен и нелегален, каталонските власти се црвсти на ставот да го организираат истиот и граѓаните да гласаат за независност на покраината. Во изминатиов период има големи политички тензии поради овој референдум, па шпанските власти наредија на полицијата да ги уапси дел од членивите на изборната комисија, како и да ги запленува материјалите за референдумот, што предизвика уште поголеми протести во провинцијата. Утре треба да се одржи спорниот референдум за независност на Каталонија.

И така, Македонците кои дојдоа да се радуваат на нова победа на великанот, утре најавуваат двојно славје – и тоа за независноста на Каталонија. Опремени со македонски и каталонски знамиња пристигнаа во овој град на денот кој може да биде историски за тој најбогат регион во цела Шпанија.

„Напред Барса! Слободна Каталонија!“, напишаа македонските навивачи на Барса