Мајсториште: Французин од Тузла го истрча најневеројатниот маратон - на балкон (ВИДЕО)

Пандемијата со коронавирусот ги примора најголемиот број светски жители да се затворат во својот дома, следејќи ги мерките за борбата против Ковид-19, меѓу кои има и такви кои бараат најневеројатни предизвици за да не дозволат да бидат победени од оваа смртоносна болест.

Една од ваквите херојски приказни е таа на Елиша Нохомовиќ, француски атлетичар роден во Тузла, кој, верувале или не, успеа да истрча маратон и тоа на сопствениот балкон. Тој мина 42,195 километри со непрекинато трчање на просторот со должина од седум метри во станот во кој живее во Тулуз.

„Сето ова го сфатив повеќе како ментален, отколку како физички предизвик. Секако, дури и мене ми делува комично во вакват луда ситуација во светот“, изјави Нохомовиќ

 

 

За исполнувањето на овој подвиг му беа потребни шест часа и 48 минути, а неговата приказна ја објави дури и престижниот британски весник „Гардијан“.

„Се плашев соседите да не ме пријават бидејќи им тропав врз главите, но, за среќа и тие ме бодреа да издржам“, дополни родениот Босанец.

Тој потенцира дека ова е одлична идеја за тие што не сакаат да потклекнат пред вирусот, односно што по секоја цена ќе ги задржат навиките кои ги имале пред пандемијата.