Крадец ограбил кошаркари на Химки сред натпревар (ВИДЕО)

За време на третиот меч од финалната серија за шампион во ВТБ-лигата меѓу Химки и ЦСКА во соблекувалната на домаќините се случувало нешто неверојатно.

Надзорните камери снимиле непознат маж, кој имал акредитација околу вратот, па тоа го искористил и влегол во соблекувалната за да ги украде скапоцените работи на кошаркарите.

Полицијата во Москва гобара крадецот, кој го направи ова дело, а една од надзорните камери убаво го снимила.