Крадците безмилосни за Камерунецот: Ангуиса олеснет за 100.000 евра

Се почесто фудбалерите се мета на крадци кои ги ограбуваат домовите додека играчите ги обавуваат клупските обврски.

Овој проблем ги погоди многу фудбалери на Барселона во последно време, но и другите шпански клубови ги имаат истите проблеми. Цел на крадец овој пат беше Андре Ангуиса кој ги брани бите на Виљареал.

Ангуиса пристигна во Виљaреал од Фулам на едногодишна позајмица ова лето, а деновиве пристигна и неговото „добредојде“. Кога се врати дома по еден од тренинзите, видел дека влезната врата е отворена и веднаш знаел за што станува збор.

Овој 23-годишен Камерунец веднаш повикал полиција која пристигнала и заклучила дека тој е жртва на грабеж. Од куќата му биле украдени многу скапоцени работи во износ од 100.000 евра.

Куќата каде живее Ангуиса се наоѓа во близина на плажа, поради што на крадците не им било тешко да влезат во неговит дом од задниот влез и да земат се што им дошло при рака.