Комедија во Сан Себастијан: Славеа гол против Барселона и се удрија - глава со глава (ВИДЕО)

Средбата во Сан Себастијан меѓу Реал Сосиедад и Барселона заврши реми (2-2), а во дуелот беше забележана и една бизарна ситуација.

Откако домаќините постигнаа гол за 2-2, Микел Ојарзабал и Начо Монреал тргнаа еден кон друг да го прослават голот и се судрија глава со глава.