Клоп се преплаши откако Ван Дајк за малку ќе си дадеше автогол (ВИДЕО)

Ливерпул чекори сигурно кон трофејот во Премиерлигата откако денеска славеше со 2-0 против Вотфорд на „Енфилд“, па сега му бегаат десет бодови на второпласираниот Лестер. Сепак, во центар на внимание е една урнебесна реакција на тренерот Јирген Клоп кога Вирџил Ван Дајк за малку ќе си дадеше автогол.

Клоп ја следеше акцијата на гостите, а потоа Ван Дајк со еден несмасен потег за малку ќе си го матираше сопствениот чувар на мрежата Алисон Бекер, а колку страшно беше тоа зборува реакцијата на германскиот тренер.