Кинези и Корејци се степаа поради дрес на Сон (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Кина загуби на домашен терен од Јужна Кореја со 0-3 во квалификациите за Светското првенство (СП).

По првото полувреме се случи инцидент на трибините, каде што навивачите на Јужна Кореја во дресови на Тотнем беа нападнати од домаќините.

Инцидентот почна кога еден гостински навивач го соблече дресот од Тотнем и почна да ги провоцира Кинезите.