Карим Бензема после фудбалската кариера сака да влезе во ринг како – борец во ММА!?

Француската ѕвезда на Реал Мадрид, Карим Бензема, кој сезонава влезе меѓу најдобрите пет стрелци во историјата на најгламурозниот светски тим (26 гола на 47 меча) најави дека посакува да биде ултимејтфајтер после завршувањето на фудбалската кариера.

Бензема (32) на јутјуб-чат со кикбоксерот Фуад Езбири, негов пријател, открил дека од поодамна има голема љубов кон боречките вештини и дека сака да се изпроба во нив.

„Јас сум посебно возбуден околу боречките спортови и сакам да тренирам. Кога ќе завршам со фудбалот, зошто да не тренирам шест месеци со тебе?“, му рекол Бензема на Езбри.

Посебно го посочил легендарниот Мајк Тајсон, кој иако веќе во петтата деценија од животот најави бокс меч, а „челичниот Мајк“ е посебна инспирација за Бензема.

„Мислам дека со шест месеци тренинзи, еве со тебе, ќе бидам спремен за борба. Не би било тоа проблем, ако јас се прашувам. Се колнам дека сум подготвен за такво нешто. Посебно го ценам Тајсон, поради неговата сила, секогаш сум го почитувал. Особено неговата одлучност и неговиот пристап. Плус, што направи кариера, а дојде од никаде“, вели Бензема.

Барем засега боксот и боречките спортови ќе почекаат, зашто бензема има уште многу да му даде на фудбалот, а веќе неделава има нов предизвик после освоената шампионска титула во Ла Лига со Реал, го очекува реваншот со Манчестер сити во осминафиналето во ЛШ и негативата од еден гол (1-2) од првиот меч на „Бернабеу“.