Калиниќ го „пецна“ селекторот Ѓорѓевиќ по поразот на Србија (ФОТО)

Српската репрезентација денеска беше непријатно изненадена од Аргентина во четвртфиналето на Мундобаскетот, кадешто загуби со 87-97.

Селекторот Александар Ѓорѓевиќ пре два месеци го објави списокот со кошаркари кои ќе настапат во Кина, а на изненадување на многумина го немаше Никола Калиниќ.

Кошаркарот на Фенербахче игра одлично во последните неколку години, но не замина на Светското првенство.

Калиниќ ја чека својата шанса за да почне да го „пецка“ Ѓорѓевиќ, а тоа веќе го направи на една објава која беше на сметка на селекторот.