Иако коронавирусот не е победен, ризикот за зараза останува голем, сепак кога омилениот тим ќе стигне до знајзначајниот трофеј, се заборава на сè кога на ред ќе дојде славјето.

После Ливерпул каде се славеше историската прва премиерлигашка титула, сега и во Прага „гореше“ за шампионскиот трофеј на Славија. Навивачи на улица, отворен оавтобул, парада, стотици факли, песна...

Сите заборавија на коронавирусот, на опасната закана, мерките, препораките... Се славеше и на стадион, ама таму беше ограничен бројот на гледачи, иако превентивните мерки никој не ги почитуваше.

Сега останува само сите да се надеваат дека нема да избувне кластер на заразени, зашто во Бугарија од слично славје, над 50 навивачи на Локо Пловдив се позитивни од прославата на куп-трофејот.