Илари пред продавница за Ролекс гестикулираше дека му ги „украла“ часовниците на Тоти (ВИДЕО)

Распадот на еден од најгламурозните парови после 17 години брак помеѓу Илари Блази и легендата Франческо Тоти влезе во бурен период за кој најмногу се радуваат таблоидите, зашто поделбата на имотот и старателството ќе одат судски и со многу проблеми.

Откако Тоти ги одби барањата на Илари да ѝ дава по 37.500 евра месечно, вклучувајќчи ја во оваа сума и алиментацијата за децата, се појави информација дека Блази му „украла“ скапоцени Ролекси на Тоти, а тој не осатанл должен па си ги задржал скапоцените чанти од најпонзатите брендови.

И сега Илари отиде уште подалеку, па на социјалните мрежи објави видео, снимена пред продавница за Ролекс, гестикулирајќи дека му украла нешто вредно на Франческо (часовниците) и притоа го тагнала Тоти на видеото, за тој секако да ја види нејзината порака.