Ибрахимовиќ со спектакуларна изјава за голот на Роналдо (ВИДЕО)

Фантастичните ножички на Кристијано Роналдо против Јувентус ја воодушевија фудбалската јавност, а нив одлучи да ги искоментира и Златан Ибрахимовиќ.

Во изјава за „ЕСПН“, Ибрахимовиќ во свој стил одговори на прашањето за голот на Роналдо.

„Убав гол, но би требало да проба од 40 метри“, кажа Ибра.

Секако, Швеѓанецот на индиректен начин мислеше на својот погодок со ножички во дуелот против Англија.