Ибрахимовиќ како Дедо Мраз: Ги честеше соиграчите со „Плејстејшн 5“ (ФОТО)

Златан Ибрахимовиќ денеска ги изненади своите соиграчи со најбараната „играчка“ во светот - „Плејстејшн 5“. 

Конзолата за видео игри денеска официјално почна да се продава во Европа, а Швеѓанецот успеа да набави голем број на парчиња и да им ги подели на соиграчите, кои веднаш се пофалија на социјалните мрежи.