Ибра направи шоу на Сан Ремо: Дајте им четири пејачи на Ливерпул... (ВИДЕО)

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ се појави вчера на познатиот музички фестивал Сан Ремо, а на сцената направи вистинско шоу.

Ибрахимовиќ на сцената излезе со легендарен хит, а потоа му се приклучи на водителот на фестивалот.

„Чест ми е што сум тука, но и за вас е чест што ме имате овде. Ова ќе биде фестивал во конкуренција на 22 пејачи – 11 против 11“, кажа Ибрахимовиќ.

Сепак, водителот му кажа дека фестивалот има 26 натпреварувачи, на што Ибрахимовиќ имаше подготвен одговор.

„Како така? Па дајте им четири на Ливерпул, гледам дека бараат фудбалери. А ако не, оставете ми ги на мене и јас ќе поработам со нив. Второ правило. Салата е премногу мала, треба да биде 105 метри на 68 метри, како теренот на ‘Сан Сиро’“, кажа Ибра.