Ибра е тотално луд: На Сан Ремо излезе на сцена со екс-ју хитот – јутро је, јутро је (ВИДЕО)

Шведската ѕвезда Златан Ибрахимовиќ синоќа се појави на престижниот италијански фестивал Сан Ремо, па го преврте цел Балкан од смеење, откако излезе на сцена со познатиот хит на Нада Топчагиќ – јутро је, јутро је.

Италијанците не ни сфатија што во позадина свири, ама на Ибрахимовиќ очигледно балканскиот хит му е омилена песна, бидејќи неодамна после еден меч на социјалните мрежи објави снимки како танцува и пее на оваа песна, славејќи победа на Милан.

Фестивалот на италијанската канцона Сан Ремо од синоќа стартуваше со своето 71 издание, на кое Ибрахимовиќ ќе има и дует во четврток со српската легенда Синиша Михајловиќ, како специјални гости, а ќе пеат хит од пред пола век – Вагабондо.