Хрват осум часа го тетовирал Модриќ со „златната топка“ (ФОТО)

Откако најдобриот хрватски фудбалер Лука Модриќ во понеделникот ја освои „златната топка“, како круна на извонредната 2018 година, во која со Реал Мадрид ја освои четвртата европска круна во последните пет сезони, а со Хрватска стигна до финале на СП во Русија, Јосип Фрањиќ (27), Хрват од Австралија реши најзначајната награда да ја истетовира на себе.

Освојувањето на „златната топка“ за Модриќ е круна на кариерата, ама наградата има посебна тежина и за Хрватска и хрватскиот фудбал. Тама Модриќ веќе станува божество кое ќе се обожува во Хрватска и првиот чекор го направи Фрањиќ со тетоважата.

Го стави на едно место, идолот Модриќ и „златаната топка“. Осум часа го тетовирале, а на крај платил 800 австралиски долари.

„Откако првпат го видов Модриќ, а тоа беше во дресот на Динамо, за мене беше идол. Беше нешто како божество. Лавеци го тетовираше Марадона, ама јас си го имам – Лука. Јас го немам запознаено Лука, а тоа ми е животен сон. Тетоважата ја патив 800 долари. Па ќе платев колку требаше, ако требаше и многу поскапо“, вели Фрањиќ.

Инаку неговиот брат е репрезентативец на Австралија, а тој играл против Хрватска за „кенгурите“ на подготовките за СП во Бразил. И Јосип е фудбалер во Мелбурн Најтс.