Хаос во Лион: Играчите се степаа со сопствените ултраси (ВИДЕО)

Лион успеа да избори пласман во следната фаза од Лигата на шампиони, откако одигра 2-2 против Лајпциг во последното коло од групната фаза, но мечот го одбележа тепачката на фудбалерите на домаќините со ултрасите.

Мемфис Депај ја почна тепачката откако тргна да им го земе транспарентот на ултрасите на Лион, кои го навредија Марсело така што го нарекоа магаре.

Останатите играчи го тргнаа Депај од ултрасите за да се спречи уште поголем инцидент, па за среќа немаше посериозни инциденти за никого, но најверојатно ќе добие некој казна.