Хаос во Бразил: Тепачка меѓу фудбалери и полицијата по гол во 97. минута (ВИДЕО)

Манаус водеше со резултат 1-0 и прими гол во последните моменти од мечот. Главниот судија покажа на центарот, додека помошникот наводно го кренал знаменцето за офсајд, по што го спуштил и тоа предизвика бес кај фудбалерите.

Домаќините тргнаа кон судијата по голот и во меѓувреме влезе полицијата на теренот за да ги смири бесните фудбалери. Сепак, се случи уште еден инцидент кога фудбалерите удрија по полицајците, а тие им вратија со солзавец.