„Град Скопје да поднесе кривични против оние кои го затрупаа Вардар во долгови“

Најтрофејниот македонски клуб Вардар се збогуваше со уште неколку фудбалери, меѓу кои се Филип Најдоски и Даниел Аврамовски, а моменталната ситуација во клубот ги загрижи навивачите.

Навивачите не можат да се соочат со тоа дека Вардар постојано тоне и поради тоа решија да побараат одговорност и го замолија Град Скопје да поднесе кривични пријави кон тие кои го затрупаа клубот во долгови.

„Од нашиот последен пост, работите не само што не се подобрија, туку се сменија на полошо. Цујо официјално повеќе не е дел од Вардар, а клубот го напушти и најголемиот борец во екипата, Најдовски.

Васоски најави дека сите првотимци од лани инаат одврзани раце да го напуштат клубот и веројатно ќе очекуваме заминување и на Мицевски и Цветановски наредниов период. Клубот е тотално без компас, до мера да сметаме дека намерно некој го носи во пропаста.

Бил одбиен Ефремов, а денеска е потпишан голманот на Тиквеш од втора лига. Клубот носи засилување на единствената позиција на која сме покриени, потпишувајќи уште еден потрошен материјал, романтичарот Петровиќ.

Ова е измачување и време е да се бара одговорност од сите кои го кочат клубот.

Како не им беше срам на оние од управа да излезат во медиумите и да кажат дека се мачат да го одржат клубот?

Се моли град Скопје, како татко на ФК Вардар, да поднесе кривични пријави кон оние кои го затрупаа Вардар во долгови!!!

Под итно да се реши состојбата во клубот, затоа што ова веќе е срамно и бедно за гледање“, напишаа на Фејсбук.