Го продал златниот медал за да си купи кокаин: За два дена сè ишмркав!

Тешко дека некој би се сетил на бразилскиот фудбалер Флавио Доницете, поранешен дефанзивец на Сао Паоло, некогаш голем потенцијал во бразилскиот фудбал и член на екипата која во 2005 година се круниса за светски клупски фудбал откако го победи тогашниот европски првак Ливерпул.

Флавио од тинејџер беше дел од Сао Паоло, а по само две години на „Мурунмби“ стигна до една од највредните титули во кариерата, заедно со пехарот во првенството Паулиста, како и континеталната круна во Купот Либертадорес. Но, наместо целиот фудбалски потенцијал да излезе на виделина, Флавио заглави со еден од најголемите пороци – стана зависник од кокаин.

А, поради тоа сега се исповедаше дека остана без највредниот медал во неговиот живот – златото од клупскиот Мундијал. Го продал за да добие „бело“. И само два дена му траела „забавата“.

„Го немам повеќе тој златен медал. Го продадов. И тоа за 3.500 долари. Кога го продадов, сите пари ги потрошив за да набавам кокаин. И сето тоа траеше два дена. Буквално сè што имав вредно во животот останав без него. Станав зависник од кокаин. На почетокот уживав од забава, ама потоа кокаинот ми стана најважен во животот. Сè што заштедив, сè што имав – одите за кокаин. Не можев да си дозволам да бидам без дрога. По цел ден шмркав, од утро до вечер“, вели Флавио.

Како тонел во зависноста, така сметката во банка се тенчела, а кога снемало пари, ги продавал највредните работи, како „златниот медал“.

„Сè што имав во мој посед загубив. Прво парите на сметка, а се потоа. Изгубив сè, освен мојата сопруга и децата, кои останаа со мене. Мојот живот се сведуваше само на забави, алкохол и кокаин. Заглавив до таму да не можев ни ден без кокаин“, посочува тој.

Сега на 36 години, од поодамна во фудбалска пензија, работи како градинар во предградие на Сао Паоло, Американа.

„Ако за нешто жалам, тоа е што воопшто пробав кокаин. Сè потоа беше смо уништување на мојот живот“, потенцира некогаш перспективниот дефанзивец.