Го обвинија Балотели дека е дебел, а тој им одговори на безобразен начин (ФОТО)

Француските медиуми објавија пред неколку дена дека Марио Балотели е парично казнет од страна на Ница затоа што се здебелил.

Балотели поради проблеми со килограмите го пропушти дуелот на репрезентацијата на Италија, зашто Роберто Манчини порача дека не е подготвен за натпреварот.

Наводно, претседателот на Ница го казнил Балотели затоа што има 103 килограми кога пристигнал на првиот тренинг сезонава, а Италијанецот реши да го демантира тоа со неверојатна објава на Инстаграм.

„Казнет сум затоа што сум се здебелил? Прво погледнете го моето тело, па потоа зборувајте за тоа дали имам вишок килограми. Другите е**те се со вашите измислени приказни. Сега пишувате дека сум казнет и лажете. Кој го напиша тоа, ќе остане наскоро без работа“, напиша Балотели.