Го напушти тенисот поради големите гради, но по осум месеци се врати на теренот (ФОТО)

Американската тенисерка Аманда Анисимова пред осум месеци ги шокираше фановите кога објави дека мора да паузира од тенисот и тоа на неодредено време, наведувајќи ја загриженоста за сопственото ментално здравје.

Таа беше често малтретирана на социјалните мрежи, а „преку глава“ ѝ дојде од постојаните коментари на сметка на нејзините големи гради.

„Навистина се борам со моето ментално здравје, за мене стана неподносливо да бидам на тениски турнири. Се трудам колку што можам да го пребродам ова. Ќе ми недостига тенисот и ќе ја ценам поддршката што ја добивам“, напиша тогаш Анисимова.

Но, на почетокот од новата година, таа се врати на најдобар можен начин. Американката се појави на АЦБ Класик турнирот во Нов Зеланд, каде што во првото коло ја победи Анастасија Пављученкова.

„Многу пораснав и созреав во текот на минатата година во тоа како сакам да се подготвувам, мојот стил на тренинзи, правејќи се како што треба. Се трудам колку што можам, сериозно го сфаќам опоравувањето, сакам да давам се од себе секој ден“, изјави Анисимова.