Фински кошаркар рецитираше српски песни!

Репрезентацијата на Финска вчера оствари победа над Полска со убедливи 89-59, а најдобар стрелец на средбата беше Сасу Салин со 18 поени.

Финскиот бек беше одлично расположен, па во разговор со српските новинари по натпреварот дојде дури и до песна и тоа - на српски.

Работата е во тоа што Салин пет години играше во Унион Олимија, од 2010 до 2015 и преку насапите во АБА-лигата и со соиграчите од целото говорно подрачје на просторите на екс-Југославија, природно е што научил некои српски зборови.

„Да, научив некои српски зборови, но подобро да не ги кажувам пред камера“, се пошегува Финецот. „Научив и некои песни. 'Врати ми се несреќо', Ана Николиќ е добра, а првата песна што ја научив беше 'Мишо мој'. Цеца беше одлична кога беше во Љубљана“, кажа Финецот, кој очигледно го има совладано тукашниот менталитет и начинот на забавување.

Комплетното видео можете да го погледнете на Мондо.рс.