Еуфоријата не спласнува: Делии му пееа „серенада“ на Павков под прозор (ВИДЕО)

Еуфоријата по победата на Црвена Звезда против европскиот вицепрвак Ливерпул со 2-0 во вторникот не спласнува во српската престолнина Белград, а апсолутен херој е младиот мИлан Павков, кој ги постигна двата гола против „црвените“.

Иако не беа многу воодушевени откако дојде на „Маракана“, Павков со двата гола сега стана легенда на белградскито великан. Навивачите смислија и слава Павковден, стадионот грмеше по завршувањето на мечот во негова чест, ама дел од нив најдоа каде живее, па во ноќните часови го посетија.

Со пиротехника, почнаа да му пеат „серенада“ под прозор во зградата каде Павков живее, а фудбалерот излезе на балкон за да ги поздрави. И всушност „серенадата“ е навивачка песна која згрме на „Маракана“ по головите на центарфорот.