Елитен фудбал повторно на македонски канал и тоа - бесплатно!

По пауза од којзнае колку години, елитен фудбал од најдобрите европски лиги, во случајов - германската Бундеслига, ќе оди на македонски канал и ќе се гледа - бесплатно.

Телевизијата 24 ги откупи правата за оваа сезона за натпреварите од една од најсилните елитни Лиги, а преносите стартуваат веќе следниот викенд, со оглед што следува еднонеделна пауза поради репрезентативните дуели од Лигата на нации. Ова ќе биде значајна вест за фудбалските вљубеници, кои досега натпреварите од најдобрите европски првенства можеа да ги гледаат само на кабелските телевизии и тоа на канали за кои треба да се плати и дополнително да се плати.

Токму влезот на македонскиот пазар на богатите спортски канали од регионот, кои не може да се следат слободно, ја скрати можноста на домашните телевизии да дојдат до права за некое од првенствата каде што се игра атрактивен фудбал. Но, можеби потегот на ТВ 24 ќе биде мотив плус за конкуренцијата да го следни нивниот пример, па во скоро време на некој макеоднски канал да гледаме фудбалски возбудувања и од Англија, Италија. Шпанија или Франција.