Одлични вести за Барселона: Флик доби големо засилување пред мечот со Хетафе

Тренерот на Барселона, Ханси Флик доби одлични вести пред натпреварот против Хетафе во Ла Лига. Голманот Жоан Гарсија се врати на тренинг по повредата поради која го пропушти мечот со Севилја.

„Марка“ пишува дека Гарсија конечно им се приклучил на соиграчите на тренинг, а веќе е подготвен и за настап за Барселона.

Гарсија е прв избор на Флик на голот, а оваа сезона настапи на шест натпревари во Ла Лига и притоа прими пет голови, но запиша и три „чисти мрежи“.

Натпреварот меѓу Барселона и Хетафе се игра в сабота во рамки на осмото коло од Ла Лига.

Фото: Facebook/FC Barcelona