Од Челси и Тотнем до седма лига: Синот на Шевченко си најде нов клуб

Андриј Шевченко со неговите настапи стана фудбалска легенда и се запиша во историјата, но неговиот син засега не успеа да ги следи чекорите на својот татко.

Кристијан Шевченко, 19-годишниот син на легендарниот напаѓач на Милан, ја продолжува кариерата во англискиот седмолигаш Шолинг.

Младиот фудбалер беше дел од младинските академии на Челси, Тотнем и Вотфорд, но не успеа да се избори за место во сениорски тим на некој од екипите.

Поради тоа си замина од Вотфорд уште во мај, а сега реши да означи нов почеток во Шолинг, клуб од Саутемптон.