Трет пораз за Партизан во ЛШ: Моќниот Веспрем се „прошета“ низ Белград
Партизан само на стартот успеа да одржи чекор со квалитетниот противник од Унгарија, а „црно-белите“ имаа и предност, но потоа блесна голманот на гостите Нилсен.
Нилсен до 16. минута успеа да запише дури 10 интервенции, а Веспрем го искористи тоа за да создаде водство од осум голови.
Веспрем продолжи да го диктира темпото и во второто полувреме, а притоа да ја полни мрежата на српскиот тим за на крајот да слави со 37-26.
Најефикасен во редовите на Партизан беше Кулеш со шест голови, додека Иван Мартиновиќ постигна шест погодоци за Веспрем.
На останатите натпревари, Криенс го совлада Колштад со 34-32, додека ГОГ славеше против Кристианштад со 37-32.
Фото: Facebook/Veszprém Handball Club