Еден навивач сакаше селфи со Роналдо, па го нападнаа - седум „бодигарди“! (ВИДЕО)

Реал Мадрид утревечер му гостува на АПОЕЛ во Лигата на шампионите, па кога пристигнаа денеска во Никозија кралските фудбалери беа гоелма атракција. Се разбира, најпривлечен меѓу нив е Кристијано Роналдо, но уште еднаш покажа дека е заштитен како бела мечка.

Патот од автобусот до хотелот, веројатно беше единствениот „лабав“ период во безбедносниот план на Реал Мадрид во Никозија, па тоа го искористи еден фан. Позирал како новинар и му си прибилижил на Роналдо. Од видео-клипот се гледа како Португалецот го забележува од дистанца, а кога се доближи навивачот почна да се мести за селфи. Меѓутоа тогаш го „нападнаа“ не еден, не два, ами седум „бодигарди“ и успешно го отстранија.

Во хотелот каде што е сместен Реал Мадрид, овие денови престојувал и претседателот на Египет, Абдел Фатах ал-Сиси, така што не треба да се потенцира колку високи се безбедносните мерки.