Ѕвезда од НФЛ-лигата го освои срцето на една од најзгодните жени во светот (ФОТО)

Ник Боса е ѕвезда во НФЛ-лигата, а сега повторно е главна тема во светските медиуми затоа што успеа да го освои срцето на една од најзгодните жени во светот.

Одличниот играч на Сан Франциско почна љубовна врска со популарната Џена Берман, која има повеќе од еден милион фанови на Тик-ток.

Тие двајца се обидуваа да ја сокријат нивната врска, но повеќе не можат да се кријат и Боса сега откри во јавност дека официјално е во љубовна романса со Џена.

Интересно е тоа што популарниот НФЛ-играч е роднина со познатиот мафијаш Тони Акардо, кој бил дел од италијанската мафија во Чикаго.