Ѕвезда на Реал Мадрид ја откачи девојката пред пораѓање (ФОТО)

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Еден Милитао имаше успешна сезона во која ги освои Лигата на шампиони (ЛШ) и Ла Лига, по што замина на позајмица во Бразил.

Милитао е важен член на екипата на Карло Анчелоти, а пред да замине во Бразил на одмор, тој беше во САД каде што направил нешто што не го очекувала неговата бремена девојка Каролина Лима.

Каролина пред неколку дена го критикуваше Милитао дека не поминува време со неа и се забавува во ноќни клубови во Мајами со други девојки

Бразилските медиуми објавија дека дефанзивецот повеќе не можел да ги трпи критиките од неговата девојка, па решил да ја остави, иако таа е во деветти месец од бременоста.