
Џек Грелиш се пијанчи во Лас Вегас: Потрошил 100.000 евра на шампањ
Грелиш беше уловен од папараците „мртов пијан“. Не е прв пат фудбалерот за кој Сити плати 100 милиони фунти да ужива во малку повеќе алкохол, но очигледно менаџерот Пеп Гвардиола нема да му замери, бидејќи е на одмор.
Англичанецот наводно една вечер во „Космополитен резорт и казино“ потрошил 100.000 евра и тоа само на шампањ. Наводно купил 116 шишиња од овој алкохолен пијалок.