Душан Тадиќ бил нападнат од ограбувачи пред својот дом во Амстердам!
Синоќа, кога излегол од својот автомобил, на улицата Ван Егенштрат, пред неговиот дом, од заседа го нападнале две лица со кациги. Тадиќ почнал да бега, но сепак имал контакт со нив при што ја повредил едната рака. На крај успеал да побегне во некој угостителски локал, во близина и да го пријави случајот во полиција.
Според „Де Телеграф“, ова не е прв случај на напад врз семејството Тадиќ. Во друга пригода, двајца со шлемови дошле на влезната врата од неговиот дом, претставувајќи се дека се доставувачи на пијалак. Тадиќ тогаш не бил дома, а неговата сопруга не им отворила.
Тадиќ живее во Амстердам од 2018 година, кога потпиша за Ајакс, доаѓајќи од Саутемптон. Оттогаш стана капитен на некогашниот европски шампион, со 128 меча и 66 гола досега.