Додека Меси ја покажуваше својата магија, навивачи се тепаа на трибините (ВИДЕО)

Аргентина синоќа славеше со 2-0 против Мексико и остана во игра за пласман во осминафинале на Мундијалот во Катар, но дуелот го одбележа и тепачка на трибините меѓу навивачите на двете репрезентации.

Како што може да се забележи на снимките на интернет, подебелиот крај го извлече еден навивач на Аргентина, кој заработи крвава глава, по што обезбедувањето успеало да ги раздели.