Додека играл за Габон, крадци му го врзале семејството и сѐ му украле!

Поранешниот фудбалер на Јувентус и актуелен репрезентативец на Габон, Марио Лемина, кој сега е дел од француска Ница ќе го прескокне следниот меч на својата селекција зашто неговото семејство преживеало вистински хорор со вооружен грабеж.

Лемина е последен во низата жртви на криминални групи, а неговото семејство во Ница преживеало невиден хорот, откако група на вооружени крадци им упаднале во домот додека фудбалерот со својата селекција играл на мечот со Ангола.

Крадците го врзале цело семејство во куќата и со закани со огнено оружје ги проиморале да кажат каде им се парите и останатите скапоцености. Од куќата си заминале со полна вреќа пари, накит и брендирана облека. Земале 300.000 евра во кеш, многу накит, часовници, како и брендираната облека од најголемите светски брендови.

Лемина според информациите сега е на пат за Ница за да биде со семејството, а полицијата трага по крадците, но досега ниту една група практично не е фатена. Неодамна во Париз во еден од најелитните хотели каде е сместен Лионел Меси, група крадци успеала да влезе и да оперира во апартманите, а настрадал и Аргентинецот кој останал без поголема сума на пари и накит.