Дали видовте што се случува кога грбот на Чикаго Булс ќе се сврти наопаку?!

Еден од најдобрите тимови во историјата на НБА лигата, екипата на Чикаго, е формиран во 1966 година и има препознатлив грб, но дури сега на социјалните мрежи се „дозна“ што ќе се случи доколку знакчето се сврти наопаку.

Фотографијата од лудиот бик стана легендарна уште во времето на славниот Мајкл Џордан кој на „биковите“ им помогна да дојдат со шестата титула во најсилното клупско кошаркарско натпреварување.

Никому не му текнало да се поигра со грбот на Чикаго, но кога ќе се сврти наопаку и малку подобро се загледате - ќе приметите дека на него има Ди-Џеј со миксета.

Оваа расправа ја започна еден корисник на Твитер, а фотографијата на која е грбот на Чикаго наопаку ја споделија многу корисници на социјалните мрежи.