Циркузи во Германија: Бундеслигашка ѕвезда по кровови бегала од полиција?!

Швајцарскиот репрезентативец и член на бундеслигашот Борусија Дортмунд направил голем скандал во Германија, откако бегал по кровови во еден блок на згради, откако полиција упаднала за да растури домашна забава, зашто се прекршувале ригорозните мерки за забрана на групирање поради пандемијата со коронавирус.

Како што објавуваат германски медиуми, Емболо бил во еден од апартманите каде што се случувала забавата во градот Есен, па кога полицијата тргнала во рација, тој успеал преку балконот да се качи на кровот и да бега, па завршил во друг стан. Поради овој инцидент, Емболо бил исфрлен од тимот и не конкурирал за мечот со Вердер.

Да е циркузот поголем, полицијата во Есен соопштила дека на забавата затекнала 23 луѓе и дека го виделе Емболо, но потоа Камерунецот практично „исчезнал“ од станот.

Фудбалерот, пак, има друга верзија. Не негира дека бил во Есен, ама заминал кај другар за заедно да гледаат кошаркарски меч на заеднички пријател.

„Не е точно дека сум бил на забава. После мечот со Штутгарт, јас заминав за Есен за да гледам меч на мој пријател. Можеби тоа беше грешка, глупост од моја страна, за што им се извинувам на сите во клубот, но јас на забава не бев. Јас бев во друг стан, до станот каде имаше забава, а потоа полицијата упадна и ме затекна во тој стан, каде што гледав ТВ и ми зема податоци“, рекол Емболо.

Од Борусија Менхенгладбах објавија дека потегот на Емболо е недисциплиниран среде пандемија, кога сите треба да се заштитат, а тој решил да замине од градот и тоа кај другар, за да гледале нивни другар како игра кошарка во 2.30 часот по полноќ

„Ние како спортисти треба да сме пример, сите не гледаат со поинакви очи и затоа непримерен е тој потег што го направи Емболо“, рекле од клубот.