Циркус во Турција: Суспендирани осум фудбалери затоа што - јаделе баклава!

Онаму каде што нема пари за сериозен фудбал, често се случуваат настани од несекојдневна природа. Таков е случајо со некогашниот турски суперлигаш, а сега член на четвртата лига, Ахисарспор.

Претседателот на Ахисарспор, Еврен Озбеј, суспендирал дури осум фудбалери од причина што „покажале нелојалност кон него“. 

Во тек била претседателска кампања за челното место во клубот, а неговиот противник, Микаил Каплан, ги повикал фудбалерите од првата екипа на средба и на дружење. Се појавил, речиси цел тим, но само осуммина јаделе од баклавата која ја донел Каплан како поздрав.

Поради јадењето баклава, истите осум фудналери биле суспендирани на неодредено. Сето ова се случувало на врв на финансиски проблеми во клубот и во период кога екипата немала тренер.