Бразилец ја има најбизарната фризура во историјата – волк на полна месечина (ФОТО)

Неретко многу фудбалери знаат да ја шокираат светската фудбалска јавност со бизарни фризури, ама тоа што го направи Бразилецот Мичел Делгадо е – врв.

Фудбалерот на јужноамериканскиот првак Фламенго на главата нацрта пејсаж на тема – волк на полна месечина. Нацртал волк, кој завива на полна месечина, па дрво со љиљаци... Човек да се чуди што може сѐ да им текне на луѓето.