Бившиот турски репрезентативец кој лани уби човек доби 14 години затвор!

Поранешниот турски репрезентативец Синан Озтурк (36), кој лани во септември поради сообраќајка уби еден човек, а четворица други беа ранети е осуден на 14 години и седум месеци затвор.

Озтурк го уби 25-годишниот Халил Ибрахим Сколтен, а четири други рани откако после сообраќајниот метеж и малиот судир извадил пиштол и без причина почнал да пука. Поради ова, обвинителството во Турција за Озтурк барало безмалку 24 години затворска казна по три точки од обвинението, но судот му доделил далеку помала казна.

Турскиот фудбалер кариерата ја почна во Баер Леверкузен во Германија, а во 2006 година се пресели во Турција, па играше за Малатија, Есикшехир, Фенербахче, Бешикташ и Башакшехир, а кариерата ја заврши во Есикшехир во 2015 година.