Бивша девојка на Роналдо заработи осум милиони евра на голи слики и сака да купи клуб

Атрактивната Чилеанка Даниела Чавез вели дека за само две недели заработила осум милиони долари благодарение на нејзиниот профил на „ОнлиФенс“, па сега сака да инвестира во фудбалски клуб.

Чавез е позната по нејзините провокативни фотографии и видеа кои ги објавува на социјалните мрежи, па реши да заработи на нив и сака да го купи О’Хигинс од Чиле.

Девојката од Чиле се „прослави“ во 2015 година, кога кажа дека имала секс со Кристијано Роналдо и му била девојка, иако таа врска никогаш не беше официјално потврдена.