Ендрик не добива многу минути на Мундијалот, но е брутално искрен!

Младиот бразилски напаѓач, Ендрик, настапи вкупно половина час на двата меча на Бразил на Светското првенство.

Ендрик кој важи за еден од најголемите бразилски таленти, не влезе во игра на првиот меч, а на вториот доби шанса во текот на второто полувреме.

Како и секој и тој сака да има повеќе минути на теренот, но за разлика од некои, тој е многу реален.

„Анчелоти не го прави тоа што е најдобро за Ендрик, не го прави тоа што е најдобро за фановите, тој го прави тоа што е најдобро за тимот“, рече Ендрик изразувајќи голема почит за селекторот.