Се заканува прво одложување на меч на Светското првенство!

Филаделфија издаде предупредување за грмотевици во текот на утрешниот ден. Мечот меѓу Франција и Ирак е закажа да се игра таму, можно е негово одложување поради невреме.

Да се потсетиме дека доколку се појави гром во радиус од 13 километри, се прекинува натпреварот на половина час, а доколку се појави нов гром во текот на тие 30 минути, времето почнува одново да се одбројува. А тоа значи дека прекинот може да трае и многу долго.

Имаше таков пример на Светското клупско првенство кога меч на Челси и Бенфика траеше повеќе од четири часа и 38 минути.

Засега нема таков пример на Светското првенство. Бура се закануваше и за мечот меѓу Португалија и ДР Конго, но за среќа не се случи.