Кралот на Брно: Марк Маркез славеше на Големата награда на Чешка
Маркез триумфираше со време од 39:51.29 минути со што ја забележа својата 101. победа во кариерата во сите категории, а 75. победа во „кралската класа“. Второто место го освои возачот на Трекхаус, Аи Огура од Јапонија, кој беше 0,421 секунди зад победникот. На третото меесто заврши возачот на Дукати, Франческо Бањаја од Италија со заостанување од 2,255 секунди зад Маркез.
Лидер во генералниот пласман е возачот на Априлија, Марко Бецеки од Италија со 180 поени, а зад него е Шпанецот Хорхе Мартин, исто така од Априлија, со 172. Бецеки не возеше на Големата награда на Чешка, бидејќи беше дисквалификуван од главната трка во саботата. Откако излета од патеката за време на спринт на патеката во Брно, тој турна и удри редар кој се обидуваше да стигне до неговиот мотор.
Следната трка во шампионатот Мото ГП ќе се одржи на 28 јуни за Големата награда на Холандија во Асен.